Црна хроника
Приведен прилепчанец, полицијата дома му пронашла дрога
На 14.07.2023 во 10.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.М.(38) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и дигитална вага.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
Одделот за криминалистичка полиција, по наредба од Основното јавно обвинителство Битола презема предистражни дејствија и во координација со СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.К. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в од Кривичниот законик и против В.А. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик, извести МВР.
Имено, првопријавениот Б.К., во својство на управител на правно лице од Битола, на 19.12.2019 со неизвршување на обврските од склучен договор за јавна набавка на стоки за проектирање, набавка и монтажа на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија со ЈП „Пазари“ Битола нанел штета на претпријатието.
Тој дал гаранција за поставените фотоволтаични панели во рок од 25 години, иако знаел и бил свесен дека во предвидениот рок од една година од основањето на друштвото не го внел основачкиот влог на своето друштво согласно чл.186 ст.5 од Законот за трговски друштва поради што истото согласно чл.552-а и чл.552-б од истиот закон било избришано од Централниот регистар.Исто така, Б.К. знаел дека не можел да гарантира за изведените работи, со што постапил спротивно на дадената изјава за сериозност на понудата.
Второпријавениот В.А., во својство на директор на ЈП „Пазари“ Битола со пропуштање на должен надзор во вршењето на своите овластувања и должности, не извршил надзор кој бил должен да го изврши над носителот на набавката дали е активен субјект или не, со што не постапил согласно одредбите од склучениот договор за јавна набавка и не го раскинал. Исто така, В.А. постапил спротивно на чл.101 ст.7 од Законот за јавни набавки и не објавил негативна референца на електронскиот систем на јавни набавки на Бирото за јавни набавки.
На тој начин В.А. му овозможил на првопријавениот да се стекне со противправна имотна корист како право да не биде исклучен од идните постапки за јавни набавки во период од шест месеци од денот на евентуалното објавување на негативната референца, а воедно и по доставена фактура одобрил и извршил плаќање кон првопријавениот односно кон неговото правно лице во вкупен износ од 1 298 000 денари со што го оштетил буџетот на ЈП „Пазари“ Битола, соопшти МВР.
Црна хроника
„Цитроен“ удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник од Прилепско
Вчера во 11.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во село Црнилиште, прилепско, патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот М.А. од село Црнилиште, удрило во електричен тротинет управуван од малолетник од село Црнилиште, прилепско, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а неговиот малолетен сопатник се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Прилеп“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери
Вчера во 21.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода 32-годишниот Б.Д. и 25-годишниот А.Д., двајцата од Кичево, извести МВР.
„При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја“, соопшти МВР.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.