Црна хроника
Приведен скопјанец за кражби во автомобили
Полицијата го приведе 54-годишниот Џ.Б. од Скопје осомничен за кражби во автомобили. Според информациите на МВР, против него е поднесена кривична пријава за две кражби, со кои се стекнал со противправна имотна корист од 190 000 денари.
Двете кривични дела пријавениот ги извршил на идентичен начин, искористувајќи го отсуството и невниманието на пријавителите, при што од две возила одзел чанта и паричник и со мотоцикл избегал од местото.
Кражбите ги извршил на 17 август годинава, во периодот од 10:50 до 11:10 часот на улица 15 Корпус во Скопје. Во првиот случај од камион „рено“ пријавениот украл чанта во која имало паричник со лични документи, 300 евра и околу 6 000 денари. Втората кражба ја извршил во автомобил „мазда“ од каде што украл паричник со лични документи, околу 400 долари, 450 евра, 30 швајцарски франци, 350 албански леки и 58 000 денари. Крадецот бил приведен на 30 август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.