Црна хроника
Приведен скопјанец кој зел половен „мерцедес“ без да го плати

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода С.Џ. (40) од Скопје.
Како што информираат од МВР, тој бил баран со распис од Полициската станица Чаир поради сомнение дека возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, противправно го присвоил за себе.
На 3 април годинава со лице од Скопје направил устен договор да го купи возилото, по што го зел и не го платил.
Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото.
По целосно документирање на случајот возилото ќе биде вратено на сопственикот, а на 40-годишникот ќе му биде поднесена пријава.
*Фотографијата е илустрација
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прегазена 68-годишна жена од Скопје

Во СВР Скопје синоќа околу 19.15 часот било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(70) од Скопје, удрило во пешакот М.С.(68) од с.Волково, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Момче и девојка претепале таксист во Аеродром

Денеска во 03.52 часот во СВР Скопје, М.Н. 63-такси возач од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром едно машко и едно женско лице не му платиле за такси услугата.
Tие според пријавеното и физички го нападнале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.
Црна хроника
Претепан малолетник во скопско Марино: друго момче го снимало настанот на мобилен

Синоќа во 22.10 часот во СВР Скопје, В.Б.(55) од с.Марино, скопско, пријавил дека во с.Марино, неговиот малолетен син бил физички нападнат од еден малолетник, додека друг малолетник настанот го снимал со мобилен телефон.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот