Црна хроника
Прилепчанец фатен додека ограбувал викендичка
Приведен е 40-годишен крадец од Прилеп на место викано „Дражица“, во близина на градот.
Тој бил затекнат при извршување на тешка кражба од викендица лоцирана на местото викано „Дражица“, во близина на Прилеп, соопшти МВР.
Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со возило удрил во малолетничка, а потоа и во паркирано возило, девојчето со тешки повреди пренесенo на клиника
Вчера во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од ул.„Мице Козар“ со ул.„Никола Карев“ во Прилеп, патничко возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(38) од Прилеп, удрило во малолетен пешак од Прилеп, а потоа и во паркирано патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Тешко повредена жена, со возило излетала од патот кај клучката „Хиподром“
Вчера во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на клучката „Хиподром“, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(59) од село Ајватовци, скопско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Истрага за две разбојништва во Скопје: тетовец со закани со скалпер се заканувал кон вработените и крадел пари од обложувачници
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник од тетовско Боговиње поради сомнение дека сторил две кривични дела – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 12 септември влегол во обложувалница на улицата “Никола Тримпаре” и со опасно орудие – скалпер се заканил по животот на една вработена и одзел 211.680 денари од сефот и касата.
На 14 септември, на сличен начин, од обложувалница во трговскиот центар “Лептокарија”, заканувајќи се со скалперот на еден вработен, одзел 80.250 денари.
Бидејќи постои опасност од бегство, можност да ја попречува постапката и да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.