Црна хроника
Прилепчани во Скопје украле пари и накит во вредност од над 5 илјади евра
Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца прилепчани на возраст од 47 и 46 години за сторени две кривични дела тешка кражба.
Како соизвршители обвинетите во неколку наврати извршиле провали и кражби во станови во главниот град.
На 9 март годинава, со употреба на клуч калауз, провалиле во стан на булеварот Јане Сандански. Од таму одзеле предмети и пари во вкупна вредност од 171.300 денари, од кои златен накит во вредност од 103.550 денари и парични средства во вредност од 67.750 денари.
Истиот ден и на ист начин провалиле во друг стан во близина, од каде што одзеле златен накит во вредност од 91.350 денари и парични средства во висина од 49.200 денари, во вкупна вредност од 140.550 денари.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на мерките притвор за обвинетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

