Црна хроника
Притворен возачот на „мерцедесот“ учесник во страшната сообраќајка кај Стенковец
Како што соопшти МВР, во с. Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Д.(43) од с. Ново Село, тетовско во врска со сообраќајната несреќа што се случи на 07 март на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во близина на клучка Стенковец.
Според полицијата, Б.Д. бил изведен пред судија на претходна постапка во Кривичен суд и одредена му е мерка 30 дневен притвор. Тој е спроведен во Казнено поправната установа Скопје.
Возачот на товарното возило „Мерцедес“ возел по средната сообраќајна лента од автопатот, не се придржувал кон прописите, го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Тој не ја приспособил брзината на движење на возилото сспоред својствата и состојбата на патот, густината во сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навреме да запре.
Поради тоа со предниот десен дел од возилото со кое управувал удрил во левиот страничен дел на товарно возило „МАН“ со кумановски регистарски ознаки кое било запрено на десната сообраќајна лента наменета за принудно запирање поради дефект.
По ударот, запреното возило се придвижило нанапред и удрило во телото на едно оштетено лице кое стоело меѓу кабината и товарниот сандак и изведувало механичарски работи над товарното возило „МАН“.
Од ударот оштетениот добил тешки телесни повреди и починал на лице место, а со телесни повреди се здобил и возачот на запрениот камион и уште едно лице кое стоело во близина.
По несреќата, осомничениот го напуштил местото без да им укаже помош на повредените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

