Црна хроника
Притворен дилер од Битола
Битолското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен битолчанец поради продажба на хероин.
При извршен претрес на 10 април полициски службеници кај него пронашле 12 грама хероин, која имал намера да им ја препродаде на наркозависници, велат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор бидејќи оцени дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото. Судот го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

