Црна хроника
Притвор за жителот на Бојане кој со автоматска пушка пукал кон соселанец
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1, како и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот на 14 август, во скопското село Бојане, во близина на селскиот бунар каде биле собрани повеќе луѓе, најпрво започнал вербална и физичка расправија со едно лице. По ова, со полуавтоматски пиштол „застава М57“ со калибар од 7,62Х25мм, кој го поседувал без дозвола, испукал неколку проектили кон продавницата пред која седеле неговите соселани. Веднаш потоа, влегол во својот дом од каде излегол со автоматска пушка „Застава М70Б1“ со калибар 7,62Х39мм, кое оружје им е забрането на граѓаните. Во дворот тој испукал неколку проектили во воздух. Селаните го пријавиле во полиција, по што лицето било приведено, а оружјето му било одземено.
Ценејќи дека се исполенти законските основи, односно дека постои опасност тој да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати ваквиот предлог и на лицето му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

