Црна хроника
Притвор за жител на Сингелиќ кој криел дрога во специјален бункер во гаража
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишен жител на скопското селото Синѓелиќ, поради „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
При извршен претрес на 21.12.2020 година, во 12:30 часот, во семејната куќа на осомничениот, во гаража во вградени специјални бункери во бетонскиот носач, службените лица пронашле хероин спакуван и обвиткана во различни пакувања во вкупна грамажа од 4070,4 грама и кокаин спакувана во различни пакувања со вкупна тежина од 864,98 грама. Осомничениот заедно со дрогата која ја држел неовластено заради продажба, криел и една дигитална вага. Во бункерот било пронајдено и оружје и муниција од поголемо количество и тоа вкупно 235 куршуми во различен калибар и тоа 150 куршуми калибар 9мм Luger спакувани во различни кутии, 44 куршуми калибар 357 и 19 куршуми калибар 9мм, како и еден пиштол марка HS со една рамка со 16 куршуми калибар 9 мм, еден револвер марка „магнум 357“, како и „7357 М 83/94 застава“ со шест куршуми калибар „357 магнум“.
Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот, па со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.