Црна хроника
Притвор за скопјанец што криел пиштол во својот автомобил
Обвинителството во Велес до Основниот суд поднесе обвинителен акт против лице од Скопје на возраст од 27 години за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
„Нa 19 мај, во сопствениот патнички автомобил ‘фолксваген голф 5’, обвинетиот држел огнено оружје – пиштол ‘берета’ во калибар 7,65 мм за кој немал дозвола за поседување. Пиштолот го сместил под воланот, во механизмот за местење на висината на воланот. Оружјето било откриено на наплатната станица Отовица, на автопатот Велес – Скопје, при преглед на возилото“, велат од Обвинителството.
Истовремено, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице бидејќи постои опасност од бегство и околности што укажуваат на опасноста дека повторно ќе го изврши истото кривично дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.