Црна хроника
Пријава за вработен во СВР Тетово поради измама
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С. С. (56) од Тетово, самостоен советник за правни работи и управување со човечки ресурси во одделението за заеднички работи при СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето и за измама.
Во текот на 2017 година пријавениот му ветил на Н. З. (54) од Гостивар дека може да ја вработи ќерка му и му побарал пари за услугата. Н. З. му дал 5.000 евра, но до пријавување на настанот тоа не се случило. Полициски службеници извршиле разговор со пријавениот, при што тој рекол дека паричните средства ги зел на заем од оштетениот, кои му биле потребни за реновирање на домот, и долгот од 5.000 евра му го вратил во текот на август 2018, со писмена изјава заверена на нотар преку лицето А. А.. По преземените мерки, бил пронајден А. А. и тој посочил дека парите ги дал на синот на пријавителот. Според неговото кажување, во текот на ноември 2019 се сретнале со оштетениот пред СВР Тетово, каде што дошол и пријавениот и понудил дополнителни парични средства во износ од 8.000 евра за да не му наштетат на неговиот углед, но тие не прифатиле и настанот го пријавиле во СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пијан, 65-годишник од Свети Николе им се заканувал на синовите и го нападнал едниот
65-годишен жител на Свети Николе бил приведен откако во семејниот дом им се заканувал на своите двајца синови со остар предмет, а едниот од нив и физички го нападнал.
Инцидентот се случил на 7 февруари околу 21:30 часот, а полицијата интервенирала истата вечер во 22:45 часот. По приведувањето било утврдено дека мажот бил под дејство на алкохол – измерени му биле 2,16 промили во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен маж во струшката болница, aгресивно се однесувал со медицинските лица
Утрово околу 01:40 часот, во Општата болница во Струга бил приведен 59-годишниот М.А. од селото Делогожда, поради агресивно и непримерно однесување кон медицинскиот персонал.
Како што информира МВР, лицето со гласно викање и агресија го нарушило јавниот ред и мир и ја загрозило сигурноста на здравствените работници.
По интервенција на полицијата, тој бил приведен, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен велешанец кој со 3,06 промили алкохол се јавил во полициска станица и навредувал полицајци, потоа бил агресивен, велат од МВР
Велешката полиција синоќа го приведе 52-годишниот М.У. од Велес, откако најпрво се јавил во полициска станица и ги омаловажувал службените лица, а потоа и на улицата „Јовче Тикваров“ агресивно се однесувал кон полицајци кои биле на терен и вршеле службени дејствија.
Според СВР Велес, настанот се случил синоќа околу 20:30 часот. При приведувањето, кај М.У. биле измерени 3,06 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе следуваат соодветни пријави по целосно документирање на случајот, најави полицијата.

