Црна хроника
Пријава за кочанец, дал поткуп за да положи возачки испит

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И. Д. (43) од Кочани поради давање поткуп.
На 29.7.2020, во кругот на Здружението на возачите во Кочани, пред закажан термин за полагање возачки испит за Ц-категорија, во товарно возило, сопственост на автошкола, пријавениот, на службените лица, при приложување документи за лична идентификација, им дал и банкнота во апоени од 100 евра, со цел тие да му овозможат да го положи возачкиот испит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Србин најден починат на паркинг во Гази Баба

Синоќа во 22.00 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека околу 20.30 часот на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат З.Ѓ.(51) од Република Србија, кој претходно застанал поради дефект на товарното возило со српски национални ознаки, кое го управувал.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Топ
Родител пријавил наставничка дека натепала повеќе ученички во соблекувална во скопско училиште

Родител пријавил во МВР напад извршен од страна наставничка во скопско основно училиште.
Според пријавата, таа во текот на вчерашниот ден, во соблекувална во училиштето кое се наоѓа на Бит Пазар, за време на час по физичко воспитување, ја нападнала неговата ќерка и неколку нејзини соученички.
Меѓудругото, во пријавата се наведува и дека наставничката зад која стојат иницијалите Е.Ј. употребила и дрвен предмет.
Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Наставничка во основно училиште во Скопје нападната од родителите на нејзината ученичка

Наставничка од основно училиште во Шуто Оризари пријавила дека во текот на вчерашниот ден била нападната од страна на родителите на нејзина ученичка.
МВР во полицискиот билтен, за случајот, информира дека 48-годишната наставничка била нападната од родителите во училницата во која држела час, а подоцна и во канцеларијата на педагогот.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.