Црна хроника
Пронајдени два пиштолa во куќа во Гостивар
Два пиштолa за кои сопственикот не поседувал дозвола била пронајдени во куќа во Гостовар.
„При извршување решение од страна на извршителка при попис на предмети во куќата биле пронајдени два пиштола: „ЦЗ“ во калибар 9 мм со рамка без куршуми и „екол волга“ во калибар 9 мм со рамка без куршуми и еден куршум во калибар 9 мм. За пронајденото оружје Ф.Ј. не поседувал дозвола“, соопшти МВР.
Со потврда за привремено одземени предмети оружјето било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Ф.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Охриѓани се степале во ноќен клуб
Во СВР Охрид, утрово во 03:02 часот било пријавено дека во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, С.С. со стаклен предмет го нападнал Д.С.,двајцата од Охрид.
Тој се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид и по целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
Таксист нападнат на паркинг простор во Охрид
Утрово во 03:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на паркинг простор на булеварот „Туристичка“ во Охрид, едно лице физички го нападнал такси возачот С.Н.(50) од Охрид.
По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Тетово: Поранешен директор осомничен за фалсификување и спорен закуп на деловен простор
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.И. (73) од село Камењане, општина Боговиње, поради сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според пријавата, во периодот до 2 јануари 2021 година, додека бил директор на земјоделска задруга во село Камењане, без законска основа и без одлука од членовите, било извршено незаконско бришење на основачи – акционери. Со уништување и прикривање на документација, бројот на членови бил намален од 38 на пет лица, што било спротивно на податоците во тековната состојба од Централен регистар.
Дополнително, на 3 јануари 2010 година, во својство на директор, пријавениот склучил договор за закуп на деловен простор со површина од 1.500 метри квадратни во село Камењане, кој ѝ бил доделен на земјоделската задруга на трајно користење. Договорот бил склучен со друг акционер за период од 10 години, без согласност од надлежно министерство, без одлука на Управниот одбор и без согласност од останатите задругари.
По 2021 година, просторот го користел врз основа на усмен договор, без да плаќа закупнина, при што ги подмирувал само сметководителските давачки на земјоделската задруга, во која и натаму е сопственик.

