Црна хроника
Пронајдени 80.000 евра кај патник на скопскиот аеродром, ги криел во долната облека
Царинските службеници на скопскиот аеродром пронајдоа 80.000 евра кај патник што требало да лета за Истанбул. Дел од парите тој скрил во долната облека, а дел во џебовите и во куферот.
Како што соопшти Царинската управа, викендов на Меѓународниот аеродром „Скопје“ за контрола бил селектиран македонски државјанин кој имал намера да отпатува со лет за Истанбул. На прашање на царинските службеници патникот изјавил дека носи пари, но не го кажал износот.
При личен претрес на патникот, во џебот од неговата јакна, во џебот од панталоните, во паричникот и во долната облека, како и при преглед на неговиот куфер, во книга и во несесер, биле пронајдени 82.000 евра во апоени од 500 евра.
Во согласност со законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, 80.000 евра биле привремено задржани, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.