Црна хроника
Пронајдено одземено возило и вратено на сопственикот

Синоќа околу 01.40 часот на ул.„Вашингтонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода А.М.(22) од Скопје.
Во моментот на лишувањето тој управувал товарно возило „Мерцедес Вито“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т.(67) од Скопје, за кое тој на 06.05.2002 пријавил дека му било одземено.
Возилото било вратено на сопственикот. По преземени мерки биле пронајдени и предметите кои биле во возилото, а кои А.М. ги продал на повеќе лица. Предметите, исто така, биле вратени на сопственикот.
Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор го признал делото.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Фото) Кривична против 29-годишен скопјанец: нелегално поседувал автоматска пушка и друго оружје и муниција, а ја истепал и сопругата

СВР Скопје – Единицата за насилен криминал поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Р.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи” по член 396 и „телесна повреда” по член 130 од Кривичниот законик.
На 08.06.2025 во 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р., постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет.
Подоцна, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиорт дом и биле пронајдени и одземени 1.167 куршуми од различен калибар, автоматска пушка калибар 7.62 х 39 мм, пиштол „Зораки“ за светлосна звучна сигнализација преправен во огнено оружје калибар 7.65 мм, полуавтоматски пиштол „Рангер“ калибар 9 мм, пневматски пиштол, една рачна граната, рамки за автоматско оружје, футроли за пиштоли, делови од огнено оружје, ножеви и други остри предмети и други предмети за кои постои основи на сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот А.Р. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
Тепачка во соблекувалната на Градскиот стадион во Виница, нападнат фудбалер на „Карбинци“

Две лица физички нападнале фудбалер од клубот „Карбинци“ во соблекувалната на Градскиот стадион во Виница.
Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Д.М.(44) и Н.К.(40), двајцата од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 04 јуни во соблекувална на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ од Виница и ОФК „Карбинци“, пријавените физички го нападнале М.Д., фудбалер на екипата на ОФК „Карбинци“.
Црна хроника
Девојка пронајдена почината во казино во Центар

Дваесет и четиригодишна девојка е пронајдена почината во казино во Центар, Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината 24-годишната Г.Ј. од Охрид, вработена во казиното.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.