Црна хроника
Пукање на свадба во Скопје

Вознемирени граѓани од населбата Бутел вчера пријавиле во полиција дека во периодот од 19,50 до 20,10 часот на улицата Петар Манџуков се слушнале истрели од оружје.
Полициски службеници извршиле увид во двор на куќа, сопственост на С.Т. (56), каде имало семејна веселба, по што на местото на настанот затекнати биле и лицата Љ.Т.(28), А.Т.(21), Е.Т.(22), Д.И.(23).
Повредени лица нема, а подигнати се 16 чаури кои се предадени за понатамошно вештачење. Од лицата затекнати во куќата подигнати се барутни тестови и облека. Од МВР велат дека се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист во Бардовци по судир со возило управувано од државјанин на САД

Во сообраќајна несреќа што се случила на 3 август околу 18:40 часот во село Бардовци, тешко е повреден 26-годишен мотоциклист од Скопје.
До несреќата дошло на крстосницата меѓу ул. „2“ и сервисна улица, кога се судриле патничко возило „Нисан Кашкаи“, управувано од 36-годишен државјанин на САД со престој во Скопје, и мотоцикл „БМВ“.
Повредениот е пренесен во приватна болница, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Сопруг ја нападнал сопругата и нејзиното семејство во Карбинци, користел и предмети

Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле 37-годишниот С.К. од селото Таринци, општина Карбинци, поради сомнение за напад врз сопственото семејство.
Според пријавата, С.К. во дворот на родителите на својата сопруга физички ја нападнал неа, како и нејзиниот брат, мајка и татко, користејќи остар и тврд предмет. Повредените биле веднаш пренесени во Клиничката болница во Штип, каде што на мајката и братот им биле констатирани тешки телесни повреди.
Напаѓачот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „Тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.
Топ
Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против две лица, од кои едното е осомничено за обид за убиство и насилство, додека вториот осомничен му помогнал да го изврши обидот за убиство.
„На 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши од живот едно лице. Вториот осомничен најпрво со својот автомобил БМВ Х6 го попречил патот на Фолксваген голф 7 во кој се превезувал оштетениот и уште едно лице. Двајцата осомничени излегле и се упатиле кон оштетените и ги нападнале физички, најпрво удирајќи ги со боксови. Во еден момент првиот осомничен извадил нож и му нанел повеќе убодни рани на оштетениот во стомакот, надлактицата и вратот, со што му предизвикал тешки телесни повреди. За тоа време вториот осомничен извикувал и го поттикнувал да го доврши делото“, соопшти обвинителството.
Сведокот-оштетен се обидел да ги оттргне и да ги спречи, па првиот осомничен и врз него извршил насилство, расекувајќи го со ножот на раката и предизвикувајќи чувство на загрозеност и страв во јавноста.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.