Црна хроника
Пукање пред угостителки објект во Долно Блаце

Синоќа по полноќ, во полицијата било пријавено дека пред угостителски објект во Долно Блаце биле испукани неколку истрели.
Полициски службеници од Полициска станица„Долно Блаце“ излегле на местото на настанот и на паркинг просторот во близина на угостителски објект пронашле чаури од пиштол.
Од МВР информираат дека нема повредени лица и се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнала малолетничка во ходник од станбена зграда: кривична за жена од Свети Николе

СВР Штип поднесе кривична пријава против О.С.(52) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
Имено на 05.02.2025 во ходник од станбена зграда во Свети Николе, пријавената физички нападнала малолетничка од Свети Николе.
Црна хроника
Живеел вонбрачен живот со дете: родителот на девојчето знаел а не спречил

СВР Штип поднесе кривична пријава против Л.Ѓ.(23) од светиниколско село и против В.Р. (47) од струмичко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Првопријавениот, околу една година во семејната куќа живеел во вонбрачна заедница со малолетничка, додека, второпријавениот, родител на малолетниччката, не ја спречил неговата малолетна ќерка да живее вонбрачно.
Црна хроника
Полицаец случајно испукал куршум од службениот пиштол: се повредил во раката

Во СВР Скопје вчера во 13.48 часот било пријавено дека по завршување на боево гаѓање на стрелиште во касарна Ѓорче Петров, полициски службеник случајно испукал еден куршум од службениот пиштол и се повредил на раката.
Тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош.
За настанот бил известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување.