Црна хроника
Пушки и пиштоли пронајдени во дом на штипјанец
Во дом на штипјанец полицијата пронашла разно оружје и куршуми. Против него е поднесена кривична пријава, а судот му определи 30-дневен притвор.
Според информациите на МВР, на 3 јануари полициски службеници извршиле претрес во домот на М.Б.(45) на ул. Антон Панов во Штип, при што пронашле и одзеле автоматска пушка „хеклер“, малокалибарска пушка непозната марка, пушка-карабин „симун“, пиштол „бровинг“, револвер „гранд“, револвер „таурус“ и 1.119 парчиња куршуми од различен калибар.
Против него е поднесена кривична пријавa за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж почина во авион пред слетување во Белград: oпшта драма на аеродромот
57-годишен маж од Македонија почина вчера за време на летот од Чикаго до Белград.
Според српски Телеграф, на патникот му се слошило за време на летот.
Персоналот му пружил прва помош, но тој не реагирал.
Кога авионот слетал, лекарите на аеродромот можеле само да ја потврдат неговата смрт, објавија српските медиуми.
фото: принтскрин
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

