Црна хроника
Работнички од Непал, кои работеле во фирма во Прилеп, не се вратиле во куќата во која престојувале

Жител на Прилеп пријавил во полиција дека четири работнички од Непал, кои работеле во неговата фирма, не се вратиле во куќата во која престојувале.
„На 7.4.2024, во 21.57 часот, во Полициската станица Прилеп, Д. Н. пријавил дека четири државјанки на Непал, Л. С. (29), Б. К. П. М. (26), С. С. М. Т. (29) и С. Р. М. (29), кои биле во работен однос со склучен договор на неговата фирма, од 19 часот на 6.4.2024 не се вратиле во куќата во која престојувале со во Прилеп“, соопшти СВР Битола.
Неодамна во Прилеп пристигна првата група странски работници во текстилната индустрија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претреси во село Гајре во врска со пукањето во Тетово: уапсени четворица, пронајдени предмети

Вчера во периодот од 12:50 до 15:00 часот во село Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената престрелка што се случи на 10.08.2025 во Тетово, бил извршен претрес на повеќе локации во село Гајре, тетовско, при што биле пронајдени предмети кои се од интерес на истрагата.
При претресите биле лишени од слобода А.М.(41) и Е.М.(19), како и двајца малолетници на 15 и 17-годишна возраст, сите од село Гајре.
Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на други лица кои биле инволвирани во престрелката.
Црна хроника
Неколкумина повредени во сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе, меѓу нив и тримесечно бебе

Вчера во 11:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(50) од Куманово и патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(24) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., а со телесни повреди се здобиле возачот М.П., две негови сопатнички М.П.(25), К.П.(22) и тримесечно бебе, сите од Куманово, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Уапсен велешанец, при претрес пронајдена дрога

Вчера во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 47-годишниот И.Л. од Велес.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес пронашле и одзеле бела тврда материја и две дигитални ваги.
И.Л. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.