Црна хроника
Радовишанец зел пари од кочанчанец со лажно ветување дека ќе му купи музички инструмент
Кочанчанец на возраст од 35 години во полициската станица во градот пријавил дека бил измамен од радовишанец.
Според пријавата, измамникот требало да нарача музички инструмент од Германија, за што пријавителот во два наврати на сметка му уплатил 23.500 денари. Но и покрај исплатените парични средства, радовишанецот не го добил инструментот.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Педесетгодишен скопјанец ги нападнал и повредил своите родители
Полицијат приведе 50 годишен жител на струмичко село кој вчера околу 16.00 часот во неговиотт семеен дом физички ги нападнал неговите родители, нанесувајќи им телесни повреди.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител.
По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Нова жртва на измамата со сообраќајна незгода: скопјанка излажана за 130.000 денари
Старата измама брои нови жртви во Македонија.
Последна е 76-годишна скопјанка која го пријавила случајот во МВР. И’ се јавиле машко и женско лице, кои и’ кажале дека нејзината ќерќа предизивикала сообраќајна несреќа – прегазила дете, и за да не оди во затвор, требала да им даде пари.
„Пријавителката, по претходен договор со сторителите, на подрачјето на Драчево им предала 130.000 денари, но набргу сфатила дека била измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Седумдесетгодишник со маска и пиштол се обидел да ограби канцеларија за кредити во Битола
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
„Осомничениот 72-годишник, на 15 јануари, влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата „Прилепска” во Битола и со употреба на сила се обидел да одземе парични средства со намера противправно да ги присвои. Со хебла во едната рака и огнено оружје – пиштол во другата, тој се заканил на вработената и побарал од неа да ги стави парите во торбичка што и ја подал. Таа одбила по што ја удрил неколку пати со хеблата по раката и телото. Оштетената избегала надвор од објектот, по што и осомничениот го напуштил местото“, велат од Обвинителството.
Разбојништвото се обидел да го изврши со пиштол марка „Црвена застава“ што го држел неовластено.
При претрес во домот каде престојувал било пронајдено оружјето и осум куршуми.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.