Црна хроника
Разбиена група на крадци од Тетово, продавале произвoди што ги краделе од продавници
Tетовската полиција расветли 12 тешки кражби и две тешки кражби во обид и до Основното јавно обвинителство во Тетово поднесе кривична пријава против четворица тетовци – Б.Ќ.(28), Ш.И.(28), Џ.Г.(49) и М.К.(35), како и против 28-годишниот О.М. жител на тетовско Џепчиште.
Како што информираат од МВР, тројцата 28-годишници Б.Ќ, Ш.И. и О.М. се сомничат дека се сторители на кражбите, а М.К. и Џ.К. за прикривање.
Имено, Б.Ќ, О.М. и Ш.И. во периодот од 7 до 28 октомври годинава, насилно обивале колонијални продавници во Тетово, кршејќи ги бравите и катинарите од влезните врати и по пребарувањето одземале предмети и пари.
Другите двајца осомничени од нив ги купувале одземените производи.
Вкупната материјална штета што пријавените ја предизвикале со извршените кривични дела се проценува на 74.600 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.