Црна хроника
Расчистени 12 кривични дела тешка кражба на подрачјето на Пробиштип
На 5.10.2022, во 00.30 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода Р. П. (31) и Д. С. (34) од Пробиштип. Тие биле затекнати при извршување кривично дело тешка кражба во објект во изградба на улицата Јаким Стојковски во Пробиштип (објавено во билтенот на МВР од 5.10.2022). По преземените мерки, полициските службеници расчистиле уште 13 кривични дела за кои постои основи на сомнение дека се извршени од Р. П. (31) од Пробиштип.
Во службен разговор во Полициската станица Пробиштип тој признал дека во периодот од јули 2022 до октомври 2022 година на подрачјето на ОВР Пробиштип извршил 11 кривични дела тешка кражба, со кои сe оштетени четири правни и две физички лица од Пробиштип, едно кривично дело загрозување на сигурноста извршено врз работник од обезбедување во рудник и едно кривично дело овозможување употреба на наркотични дроги.
Некои од украдените предмети се пронајдени, одземени и вратени им се на оштетените. На 5.10.2022 против Р. П. до ОЈО Штип поднесена е кривична пријава, а од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор и е спроведен во затворот во Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

