Црна хроника
Расчистено разбојништво во Скопје, кривична пријава против едно лице
ЕВР Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против И.Б.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
По преземени оперативни мерки и обезбедени докази било утврдено дека на 02.12.2023 со употреба на сила и закана од вработена во продажен објект на ул.„Ѓорѓи Поп Христов“ во Скопје одзел пари.
На 04.08.2023, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, по што бил лишен од слобода. По консултација со јавен обвинител му е поднесена пријавата, а од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Фото) Пронајдена дрога во Скопје, уапсени две лица
Вчера во 15:30 часот на булеварот „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 37-годишниот Н.А. од Скопје.
При преглед на неговото возило пронајдени се две патнички торби во кои имало марихуана.

Ноќеска во 00:10 часот на улицата „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 21-годишниот Е.Х. од Тетово, затоа што кај него е пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
фото: МВР
Црна хроника
Штипјанец со туѓа картичка подигнал 31.000 денари, МВР поднесе кривична
Полицијата поднесе кривична пријава против Џ.К.(24) од Штип, поради сомнеж за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според истрагата, на 20 октомври 2025 година, пријавениот, без согласност и дозвола од едно женско лице од Штип, неовластено ја прибавил и употребил нејзината банкарска картичка.
Со неовластен пристап до сметката, тој извршил четири успешни трансакции на два различни банкомати во Штип. На овој начин, од жената одзел вкупно 31.300 денари.
Црна хроника
Државјанин на Камерун фатен на Табановце со туѓа француска лична карта, купена во Скопје за 1.000 евра
Полицијата, вчера, на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, го приведе П.М.Ф.Б. (29) од Камерун.
При рутинска гранична контрола, утврдено е дека мажот при увид приложил туѓа француска лична карта. Веднаш потоа, преку проверка, евидентирано е дека документот е предмет на меѓународна потрага од страна на Интерпол.
Од понатамошната истрага констатирано е дека државјанинот на Камерун претходно бил регистриран во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово. Во неговите изјави, тој признал дека француската лична карта ја набавил од едно лице во Скопје, за која платил сума од 1000 евра.
Од МВР велат дека тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

