Црна хроника
Родител пријавил дека наставничка го нападнала син му

Педесетгодишен маж од Берово пријавил дека неговиот син бил физички нападнат од наставничката во основното училиште во кое учел.
Нападот, според информациите од полицискиот билтен, се случил на 7 јуни во Берово.
Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетник нападнат во градски автобус на подрачјето на Бит Пазар

Две машки лица нападнале малолетник во автобус на ЈСП.
Случајот во СВР Скопје, вчера во 10.40 часот го пријавила неговата мајка В.Н.(54) од Скопје.
Таа пријавила дека на 16.04.2025 во 23.04 часот во градски автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од две машки лица.
Се преземаат мерки за расистување на случајот, соопшти МВР.
Црна хроника
Струмичанец со трактор насилно влегол во шумски склад и оштетил возило

Синоќа во 20.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Х.(43) од село Просениково, струмичко.
Тој, околу 17.00 часот со неговиот трактор насилно влегол во шумски склад на ЈП „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица и оштетил возило, кое претходно било одземено и паркирано во складот.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
Според полицијата, по целосно документирање на случајот против З.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Внука ја претепала баба си во Скопје

Вчера во 18.45 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода М.Д.(25) од Скопје.
Тие постапиле по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачје на општина Аеродром во Скопје, физички ја нападнала својата 78-годишна баба.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информира МВР.