Црна хроника
Рудар починал на пат кон болница откако се повредил на работа
На 27.10.2023 во 17.10 часот во Полициска станица Крива Паланка е пријавено дека во Итна медицинска помош – Крива Паланка бил донесен починат С.М.(54) од Крива Паланка, кој се повредил додека извршувал работни задачи како рудар во рудник во Крива Паланка и при транспорт од рудникот до Здравствен дом Крива Паланка починал, информира МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР-Крива Паланка и трудов инспектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопственик на локал во Гостивар нападнал вработена
Полицијата поднесе кривична пријава против С.А.(55) од Гостивар поради насилство.
„На 04.08.2024 во уостителски објект во Гостивар, пријавениот, сопственик на објектот, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал вработената М.А..“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка пријавила манијак кој се соблекувал пред малолетници
Триесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила дека на 18 септември околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.