Црна хроника
Седуммина повредени во 10 сообраќајни незгоди во Скопје
Едно лице е потешко повредено во една сообраќајна несреќа што се случила во изминатото деноноќие на подрачјето на град Скопје. Полицискиот билтен покажува дека телесни повреди добиле и шест лица во други четири сообраќајни несреќи. Покрај ова, се случиле и пет сообраќајни незгоди во кои е причинета материјална штета.
Во изминатите 24 часа на територијата на главниот град 20 возачи возеле со поголема брзина од дозволената, а седум возачи се исклучени од сообраќај пред да стекнат право на управување моторно возило. Од сообраќај се исклучени и осум возила со истечена важност на сообраќајната дозвола и едно технички неисправно возило. Со специјалното возило пајак подигнати се 78 возила, а изречени се и мерки против двајца пешаци што поминале улица надвор од пешачки премин и против пет возачи што поминале на крстосница на црвено светло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
„Цитроен“ удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник од Прилепско
Вчера во 11.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во село Црнилиште, прилепско, патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот М.А. од село Црнилиште, удрило во електричен тротинет управуван од малолетник од село Црнилиште, прилепско, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а неговиот малолетен сопатник се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Прилеп“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери
Вчера во 21.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода 32-годишниот Б.Д. и 25-годишниот А.Д., двајцата од Кичево, извести МВР.
„При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја“, соопшти МВР.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсена жена во Гостивар, била фатена како краде во продавница
Вчера во 18.45 часот на улица „Светозар Пепоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 50-годишната Г.И. од гостиварско Неготино.
„Таа била фатена при извршување кражба во продажен објект, по што се обидела да побегне, но била спречена и лишена од слобода“, соопшти МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.