Црна хроника
Семејно насилство во Аеродром: маж нападнат од сопругата и малолетната ќерка

Вчера во 10.05 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, поради нарушени односи, бил физички нападнат од неговата сопруга, 49-годишната Ј.Р. од Скопје и од нивната малолетна ќерка, кои оштетиле и дел од покуќнината, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Зет со тврд предмет го нападнал семејството на невестата во Аеродром

Семејна кавга во Аеродром заврши со физички напад.
На 4 септември во вечерните часови, 23-годишен маж од скопско село, кој е во постапка на развод со својата сопруга ги нападнал нејзиниот 70-годишнен татко и братот во семејниот дом.
Нападот, според пријавата, бил извршен со употреба на тврд предмет.
Црна хроника
Тројца скопјани се степале на паркинг по конфликт во сообраќајот

Насилство во Ѓорче Петров е регистрирано во полицискиот билтен.
Приведени се тројца скопјани, И.К.(55), М.И.(40) и С.А.(30), сите од Скопје, кои се степале на паркинг простор во текот на вчерашниот ден.
На тепачката, според информацијата од МВР, претходело недоразбирање во сообраќајот.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
Кривична пријава за кумановка за демнење, следела и фотографирала друго лице

Полицијата поднесе кривична пријава против жена од Куманово за демнење.
Според информациите на МВР, СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.В.(53) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.
На 22.06.2025 во СВР Куманово било пријавено дека пријавената следела и вознемирувала лице од Куманово со фотографирање и испраќање фотографии и пораки на мобилниот телефон на друго лице.