Црна хроника
Се запали автобус со војници, повредени нема
Се запали автобус во кој се превезувале војници на АРМ, повредени нема. Како што информира МВР, вчера во 6:05 часот било пријавено дека на место викано Кундиска барака,атар на с.Кундино, Пробиштип, дошло до самозапалување на автобус ,,марбус“ со струмички таблички, управуван од К.Б.(39) од Пробиштип во кој се превезувале војници на АРМ.
Во пожарот освен материјална штета повредени лица нема. Од страна на Територијална противпожарна единица Пробиштип преземени се мерки за гасење на пожарот, увид бил извршен од страна на увидна екипа од Полициската станица Пробиштип во соодејство со инспектор од ДЗС-Пробиштип и овластени лица од Министерството за одбрана. Известен е и Јавен обвинител од ОЈО Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

