Црна хроника
Се обидел да го прегази со автомобил по расправија за паркинг
Гостиварец и кавадарчанец се степале за паркинг во Скопје. По тепачката, гостиварецот се обидел да го прегази кавадарчанецот, по што отишол дома и се вратил со воздушен пиштол.
Според информациите на МВР, инцидентот се случил вчера околу 15.15 часот.
Во полиција било пријавено дека на ул.„Тодор Чангов“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Н.Т.(40) од Гостивар и Ј.Ј.(40) од Кавадарци, на која, според пријавеното, ѝ претходела вербална расправија поради место на паркинг.
Според пријавеното, Ј.Ј. со неговото возило се обидел да го прегази Н.Т., кој притоа се здобил со повреда, по што започнала физичка пресметка меѓу нив.
Во еден момент Ј.Ј. отишол до куќата во која престојувал и се вратил со пиштол, додека Н.Т. избегал.
По пристигнување на полициските службеници, Ј.Ј. бил затекнат со посочениот пиштол, за кој било утврдено дека е воздушен и кој му бил одземен. Тој бил приведен, а Н.Т. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Грк учествувал во сообраќајка кај преминот Меџитлија – тешко повредена 23-годишна битолчанка
Вчера околу 19:55 часот, на патот од Битола кон граничниот премин Меџитлија, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две возила — „опел корса“ со битолски таблички и „фолксваген поло“ со грчки регистерски ознаки.
„Опел корсата“ ја управувала 23-годишната А.С. од Битола, додека „поло“-то го возел 30-годишниот А.Х. од Грција. Во судирот тешко се повредила 23-годишната А.С., а повредите ѝ биле констатирани во Клиничката болница во Битола.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од битолската полиција.
Црна хроника
Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во Гостивар
Вчера вечерта, околу 19:45 часот, на кејот „Братство-Единство“ во Гостивар, 76-годишниот П.П. од Гостивар беше тешко повреден откако врз него налетало возило „фолксваген шаран“ со гостиварски регистерски таблички.
Автомобилот го управувал 63-годишниот Џ.М. од селото Мало Турчане. Повредениот пешак бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
По наредба на јавен обвинител, увид извршила екипа од гостиварската полиција.
Црна хроника
Автомобил и автобус се судрија кај Струга, тешко повредена патничка
Жена е потешко повредена во несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Струга.
Во нсреќата, според информацијата на полицијата, учествувале „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од К.Ќ.(70) од селото Велешта, струшко и автобус „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Н.Ф.(42) од селото Лабуништа, струшко.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од автобусот Ф.А.(58) од Лабуништа, констатирани во Медицинскиот центар Струга“, соопшти МВР.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид.

