Црна хроника
Се судрија „нисан“ и „форд“, три лица пренесени во кумановската болница
Вчера, околу 7.20 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Куманово – Свети Николе и локалните патишта за селата Грабеш и Новосељане се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „нисан“, со струмички регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот М. П. од Струмица, и патничко моторно возило „форд“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот М. П. од село Конопница, извести МВР.
„По несреќата, возачот на возилото ‘форд’, М. П., и неговите сопатници Р. Т. и С. С., биле пренесени во Општата болница Куманово, каде што на Р. Т. му била констатирана тешка телесна повреда, а на М. П. и С. С. им биле констатирани телесни повреди“, додаваат од МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

