Црна хроника
Син и татко од Гостивар обвинети за насилство
По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе обвинителен предлог против две лица, кои се товарат за кривично дело насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Двајцата соизвршители, син и татко, на возраст од 30 и 54 години, наведеното дело го сториле на 20 април во чекалница пред судница на гостиварскиот суд. Тие физички ги нападнале поранешната вонбрачна сопруга на првообвинетиот и татко ѝ удирајќи ги со тупаници и клоци по главата и телото и нанесувајќи им телесни повреди. Во исто време обвинетите со своето однесување предизвикале чувство на вознемиреност и страв и кај другите присутни.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за првообвинетиот, инаку полициски службеник, а за татко му во сила се определените мерки на претпазливост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

