Црна хроника
Скопјанец затаил данок од речиси 13 милиони денари
Единицата за економски и компјутерски криминал при скопската полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против 28-годишeн скопјанец поради сомнение дека сторил кривично дело даночно затајување на речиси 13 милиони денари.
Пријавениот, како сопственик и управител на правно лице од Скопје, на 26 февруари минатата година, со цел да избегне делумно плаќање данок на добивка, во задолжителната пријава за деловната 2017 година, која до УЈП ја доставил во име на правното лице, внел и дал невистинити сметководствени податоци.
„Тој пресметал и пријавил даночна основа во износ од 7.118.190 денари, на која пресметал и уплатил данок на добивка во износ од 711.819 денари, иако бил должен да пресмета и пријави даночна основа во износ од 135.223.480 денари и да пресмета и плати данок на добивка во износ од 13.522.348 денари. На тој начин, неосновано и противзаконски, даночната основа ја намалил за износ од 128.105.290 денари“, информираат од МВР.
За износот што не го пријавил како даночна основа, не пресметал и не платил данок на добивка во износ од 12.810.529 денари и за таа сума го оштетил државниот буџет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.