Црна хроника
Скопјанец купувал половни телефони со лажни евра
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.И. (32) од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела измама и фалсификување пари.
Како што информираат од МВР, пријавениот набавил 17 фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и во периодот од 31 март до 7 септември 2021, во четири наврати, кај четири различни физички лица, лажните банкноти ги пуштил во оптек.
Тој стапувал во контакт со оштетените лица, кои на електронските портали за купопродажба ги објавиле за продажба своите телефони, договарајќи средба за купопродажба на огласените телефони, при што им плаќал во готово со фалсификуваните банкноти.
На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 104.880 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

