Црна хроника
Скопјанец му се заканувал на нотар оти не сакал да му завери невалиден документ

Триесет и тригодишен скопјанец е пријавен во полицијата поради инцидент во нотарска канцеларија.
Настанот се случил вчера на улицата Ферид Бајрам, кога скопјанецот почнал да се заканува и да упатува навреди кон нотарот и вработените затоа што одбил да му завери невалиден документ, информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец пријавил во полиција исчезнување на својата 26-годишна снаа

34-годишен жител на Скопје пријавил во полиција дека неговата 26-годишна снаа се оддалечила од семејниот дом, соопшти МВР.
„На 19.02.2025 во 21:00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ј.Ј. (34) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата снаа, Ј.И. (26) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на жената“, информираа од полицијата.
Црна хроника
Се запали куќа во Стајковци, домаќинот се повредил гасејќи го пожарот

Вчера избил пожар во куќа во скопското село Стајковци, а при гасењето на огнот, се повредил 44-годишен жител на Скопје кој престојувал во куќата, соопшти МВР.
„На 19.02.2025 во СВР Скопје било пријавено дека околу 06:30 часот во с.Стајковци, скопско, настанал пожар во куќа во која престојувал Д.М.(44) од Скопје. При гаснење на пожарот, тој се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.
Црна хроника
Кривична против 60-годишен вработен во Министерството за финансии

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.М.(60) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.
Тој, во својство на советник и овластен потписник на акти, вработен во Министерство за финансии – Управа за имотно – правни работи, искористувајќи постоечки уписни броеви од други баратели за приватизација на земјиште, свесно изработувал лажни исправи и решенија за приватизација на земјиште на други лица.
Со лажно изготвените решенија за приватизација на земјиште, пријавениот ја избегнувал законската процедура и не ги испраќал до Државното правобранителство, чекал 15 дена и по истекот на рокот од донесување на решенијата, истиот самоволно им втиснувал службен печат за правосилност и ги испраќал до Одделението за катастар на недвижности Струга.