Црна хроника
Скопјанец нападнат од соседот во Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/policija-3-640x382-203544-349156-1.jpg)
Денес на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го привеле В.П.(38) од Скопје, поради тоа што околу 07.00 часот се заканувал и фрлил со остар предмет кон неговиот сосед А.В.(31) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР во дневниот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Жена ограбена во автобус на ЈСП
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/IMG_20180829_103339.jpg)
Вчера во 13:20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(51) од Скопје.
Приведен е поради сомнение дека претходно во автобус на ЈСП, од 46-годишна жена од Скопје одзел мобилен телефон.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Маж оштетил надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/policija-3.jpg)
Вчера во 13.45 часот во СВР Скопје, неколку граѓани пријавиле дека на 09.02.2025 околу 16.00 часот на гробишта на подрачјето на Ѓорче Петров забележале едно лице како оштетува повеќе надгробни плочи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Се бара притвор за велешанец, кој се обидел да силува жена во возило во Аеродром
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/12/policija-MVR.jpg)
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот велешанец, на возраст од 53 години, во населбата Аеродром во Скопје, спротивно на јасно изразената волја на една оштетена, со употреба на сила се обидел врз неа да изврши полов однос. Откако жртвата пружила активен отпор со удирање со рацете и нозете и гласно викање за помош, осомничениот излегол од возилото каде го извршил нападот и побегнал.
Бидејќи постојат околности што укажуваат дека доколку осомничениот се остави да се брани од слобода ќе се даде во бегство или пак ќе се крие, со што ќе биде недостапен на органите на прогонот, но и со оглед на тоа дека постојат особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведокот-оштетена или дека ќе го ќе го повтори или доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.