Црна хроника
Скопјанец натепан од негов колега
Вработен во комунално прерпријатие пријавил дека бил физички нападнат на работното место.
„На 24 март во 13.05 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека во Градската општа болница „8-ми Септември“ дошол Е.Б., кој според пријавеното бил физички нападнат од негов колега од комунално претпријатие“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Загина 46-годишен маж од Струмичко: со возилото се превртел на патот
Вчера во 16:35 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Струмица, на место викано „Слобода“, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.В.(46) од с.Сушево, струмичко, се превртело на коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица и по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Топ
Се соблекувал пред малолетнички и ги вознемирувал
31-годишник се соблекувал пред малолетнички информираат од полицијата.
Имено, надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 31-годишник од ресенско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“.
На 29.09.2025, пријавениот се соблекувал пред две малолетнички и ги вознемирувал.
Црна хроника
Нападнати деца во Центар и Аеродром, полицијата работи на случаите
Во полицијата во Скопје биле пријавени два одделни инцидента на физички напади врз малолетни лица што се случиле во петокот, 31 октомври.
Во првиот случај, 36-годишна скопјанка пријавила дека околу 18:30 часот, на подрачјето на општина Центар, нејзиниот 15-годишен син и 14-годишната ќерка биле физички нападнати од непознат маж.
Неколку часа подоцна, во 21 часот, во полицијата се обратила и 57-годишна жена од Скопје, која пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка била нападната околу 15 часот во општина Аеродром од три малолетнички што ги познавала, од кои едната користела тврд предмет.
За вториот случај е известен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за расчистување и на двата инцидента.

