Црна хроника
Скопјанец обвинет за малтретирање на партнерката и нејзиното тригодишно дете
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против едно лице за тешка телесна повреда од член. 131, став 2 во врска со став 1 и запуштање и малтретирање на дете по член 201, став 1 од Кривичниот законик.
Тој, на 7 јануари, во својот дом во Шуто Оризари, при вршење семејно насилство со умисла, тешко ја повредил жената со која живеел во вонбрачна заедница. Најпрвин почнал вербално да ја навредува и физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на лицето. Продолжил да ја удира по главата и телото и со тврди предмети – парче дрво и железна шипка, а потоа насилно ја турнал на подот и ја удирал со клоци во стомакот.
Притоа на жената ѝ нанел тешки телесни повреди, набиеници, скршеници и крвни подливи. Додека таа се обидувала да повика помош, тој се доближил до нејзината малолетна ќерка на возраст од три години, па грубо, запоставувајќи ја својата должност за грижа и воспитување како очув, почнал да ја малтретира и да ја удира со дрвен предмет по телото, да ја гризе и да и ги става рацете на шпоретот, со што ѝ нанел тешки телесни повреди.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице ценејќи дека постои опасност од бегство, околности што го оправдуваат стравот дека тој би можел да го повтори делото и да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

