Црна хроника
Скопјанец пронашол рачна бомба пред влезната врата во домот
Скопјанец од Карпош пронашол рачна бомба пред влезната врата во домот.
„На 10.4.2022 во 13:52 часот во Полициската станица Карпош, Ш.А.(44) од Скопје пријавил дека во дворот од неговата куќа, пред влезната врата, пронашол неексплодирана рачна бомба“, велат од МВР.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против поранешниот градоначалник на Демир Капија и за ексдиректорот на „Бошава“: ќе одговараат за загадување на животната средина и природата
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Л.П.(42) од Демир Капија, П.Ј.(50) од Неготино, против општина Демир Капија и јавно претпријатие за комунални работи „Бошава“ од Демир Капија поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „загадување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик.
Во периодот од јуни до октомври 2025 година, Л.П. во својство на поранешен градоначалник на општина Демир Капија и П.Ј., во својство на поранешен директор на јавното претпријатие за комунални работи „Бошава“, овозможиле инсталирање на несоодветна електрична и водоводна мрежа на претходно избушен бунар за вода за пиење во село Прждево, демиркаписко, без да поседуваат документација за техничка исправност на бунарот. Во наведениот период во повеќе наврати овозможиле дотур на водата до резервоарот за вода за пиење и со тоа ги занемариле законските обврски и дозволиле бунарот да биде слободно достапен на жителите на село Прждево, со што придонеле за настанување на состојба на контаминација на водата за пиење, која била закана по здравјето на околу 120 жители на селото.
Црна хроника
Тепачка на паркинг-простор во скопски Аеродром
Денеска околу 02:25 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(42) од Пробиштип пријави дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од О.А.(37) од Скопје.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Црна хроника
Прегазена жена во Битола
Утрово во 05:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Столарска“ во Битола, патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната И.А. од Битола, удрило во пешакот Ј.Н.(57).
Во несреќата Ј.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

