Црна хроника
Скопјанец се обидел да ја удри мајка си со секира

Триесетгодишен маж од Скопје, вчера, во домот на улицата Рељо Шесто Крило, се обидел да ја удри мајка си со секира.
Полицијата јави дека мажот бил спречен во намерата од страна на соседот.
Лицето, по настанот, е приведено во Полициската станица Чаир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претреси на подрачјето на СВР Струмица, пронајдена дрога, приведени дилери

Вчера во 06.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.П.(26) од Скопје, со престој во Струмица. При претрес на две локации, кои ги користи во Струмица и во село Ново Село, струмичко, извршени со судски наредби, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, таблета, шприцеви исполнети со црна течност, две дигитални ваги, две дробилки и пари во различни апоени.
Истиот ден во 07.40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода К.К.(35) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Вчера, во ОВР Гевгелија, во присуство на родител, бранител и социјален работник, бил извршен службен разговор со 17 – годишник од гевгелиско село. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, две дигитални ваги, два грендери и други предмети. Дополнително, во ОВР Гевгелија бил повикан и братот на малолетникот и со него, исто така, бил извршен службен разговор за потекло на пронајдените предмети.
Вчера во 11.30 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода В.З.(49) од Валандово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени марихуана и семки од растението канабис.
Запознаени биле јавни обвинители од Основните јавни обвинителства во Струмица, Гевгелија и Радовиш и по документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна

Вчера во 19.50 часот на улица „Бане Вељаноски“ во Гостивар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка Скопје го привеле И.Б.(34) од Гостивар.
Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 186 став 2 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Црна хроника
Уапсен 19-годишник од Тетовско: при претрес пронајдена дрога

Вчера во 07.15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода 19-годишниот М.А. од село Пирок.
При претрес во неговиот дом во село Пирок, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.