Црна хроника
Скопјани секојдневно пријавуваат напади од кучиња – три случаи регистрирани во текот на вчерашниот ден
Во текот на 25 јуни во полициските станици во Аеродром и Центар скопјани пријавиле три напади од кучиња скитници.
Во првиот случај, 23-годишник, околу 11 часот, во полициската станица Центар пријавил дека на Кеј 13 Ноември бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.
Потоа, во Полициската станица Аеродром, околу 13.45 часот, 66-годишна жена пријавила дека на булеварот Видое Смилевски – Бато била касната од куче скитник во пределот на левата нога.
Во Полициската станица Центар околу 17.30 часот бил пријавен уште еден напад од улично куче од страна на 35-годишен скопјанец. кој пријавил дека неговата малолетна ќерка била касната на улицата Ѓорѓи Пешков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.