Црна хроника
Скопјанка осомничена за измама, се претставувала како рефернт од Министерство за земјоделство
Скопското обвинителсто поведе постапка против 40-годишна скопјанка која е осомничена за измама.
Осомничената, која претходно е осудувана и против која се водат и други постапки за слични кривични дела, лажно се претставувала како вработена во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на работна позиција референт.
Еден оштетен го довела во заблуда со тоа што му ветила дека како вработена во Министерството, со помош на својот претпоставен, ќе му помогне на легален начин да дојде до државно земјиште под закуп кое тој го користел подолг период. За услугата во повеќе наврати од август до сега му побарала и му зела парични средства на рака, во вкупен износ од 210.474 денари, информираа од Обвинителството.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничената би се криела за да го избегне кривичниот прогон, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претреси во Битола, пронајдена дрога: уапсена 18-годишна девојка и 40-годишен маж
Ноќеска во 02:00 часот на улицата „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода 18-годишната М.Р. од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја.
Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана.
Исто така ноќеска, во 01:05 часот на улицата „Илинденска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 40-годишниот О.Н. од Битола.
При претрес во неговиот дом, истиот извршен со наредба на Основен суд Битола, пронајдени и одземени се грутчеста и прашкаста материја, метални предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, дигитални ваги и други предмети со остатоци од дрога.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидата поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

