Црна хроника
Сообраќајна несреќа во Гостивар: со „бмв“ удрил во пешак, а потоа во ограда и куќа, двајца тешко повредени

Вчера, во 18.10 часот, во СВР Тетово пријавено е дека на улицата ЈНА во Гостивар, патничко моторно возило „бмв“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Е. М. од гостиварски Балиндол, удрило во 18-годишниот пешак Х. Н. од Гостивар, а потоа во ограда и куќа на истата улица, извести СВР Тетово.
„Во несреќата пешакот и сопатникот во возилото В. Ќ. (28) од Гостивар добиле тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница ‘Ферид Мурад’“, соопшти СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Истрага за тероризам: пријавил дека има бомба на летот Скопје – Анталија

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, обвинителството отвори истражна постапка против С.А. (26) поради основано сомневање дека сторил кривично дело Тероризам.
Осомничениот на 16 овој месец во раните утрински часови преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје – Анталија.
„По преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 16.08.2025 во 02.41 часот лажно пријавил дека е поставена бомба во авион кој од Меѓународниот аеродром Скопје требаше да полета кон Република Турција, по што аеродромот беше затворен за сообраќај неколку часа, а планираните летови, исто така, беа одложени за неколку часа, односно до завршување на антитерористичките проверки. При преземањето мерки, на 20.08.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.А. на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со настанот, а тој бил лишен од слобода. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото“, соопшти МВР.
Судот му определи притвор на осомничениот во траење од 30 дена.
Црна хроника
Заталкано зрно од огнено оружје заврши во автомобил во Чаир

Заталкано зрно од огнено оружје заврши во автомобил во станица за технички преглед во Чаир.
Според информациите на МВР, вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје, Б.А.(49) од Скопје пријавил дека во кругот на станица за технички преглед на подрачјето на Чаир од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки.
Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Тинејџер со мопед удри во 12-годишно девојче во Кичево, со тешки повреди пренесено во болница

Тинејџер со мопед удри во 12-годишно девојче во Кичево, со тешки повреди е пренесено во болница.
Според информациите на МВР, вчера во 19:30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Рудничка“ во Кичево, мопед „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Л.М.(18), удрил во пешак-12-годишна малолетничка, двајцата од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.