Црна хроника
Сообраќајна несреќа во Скопје, четворица повредени
Вчера во 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од улицата „Хо Ши Мин“ и улицата „Натанаил Кучевишки“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(33) од Скопје и патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(21) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „сеат“ Д.Ш.(35) од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од патничкото возило „фолксваген голф“ О.И.(19) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.
Црна хроника
Струмичани ограбиле 82-годишно лице: му побарале пари, па кога виделе дека има поголема сума, го нападнале
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Х.(31) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Ф.М.(22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство’’ во врска со ,,разбојништво“.
На 31.10.2025 во Струмица, второпријавената побарала пари од 82-годишно лице, кое и дало 100 денари, а откако видела дека носи поголема сума на пари, во договор со првопријавениот и со употреба на физичка сила од оштетеното лице одзеле 14.000 денари.

