Црна хроника
Сообраќајна несреќа помеѓу „голф“ и „мерцедес“, двајца повредени
Вчера попладне, во 15.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во правец од Радишани кон селото Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од 64-годишниот С. М. од село Дељадровци, Скопско, и патничко возило „мерцедес“, управувано од 24-годишниот Е. А. од село Арачиново, двете со скопски регистарски ознаки, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил С. М., а телесни повреди добил Е. А., констатирани во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајден хероин
Вчера во 13.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 39-годишниот Н.Г. од Скопје.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен охриѓанец, при претрес пронајдена дрога и пари
Вчера во 17 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода 48-годишниот И.Д. од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени и валути. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Млад прилепчанец влегол преку прозорец во куќа во Охрид за да краде, сопственичката била дома
Приведен е 25-годишен прилепчанец кој упаднал преку прозорец во куќа во Охрид и со закана со нож од сопственичката украл пари и злато.
„Во СВР Охрид бил задржан Б.Ј.(25) од Прилеп, кој претходно во Прилеп бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициската станица Прилеп врз основа на распишан локален распис. Тој се сомничи дека дека на 25.11.2024 извршил кривично дело „разбојништво“ во дом во Охрид, каде влегол преку отворен прозорец и со закана со остар предмет од сопственичката одзел пари и златни предмети“, објави МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.