Црна хроника
Сопруга на затвореник од Идризово се обидела да пренесе забранети предмети

Претрес на пакет за осуденикот Е.А. (38) од Скопје откри мобилен телефон.
Настанот се случил во затворот во Идризово, а пакетот бил донесен од неговата сопруга.
Исто така, велат од МВР, таа се обидела да пренесе и марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилно ограбен скопјанец во Аеродром

Вчера во 14:35 часот во СВР Скопје, 73-годишниот З.А. од Скопје пријави дека околу 12:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила му одзело пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пожар во Скопско: изгореа помошни простории од викенд куќа

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај село Раштак и кај село Страчинци, скопско, настанал пожар и горела сува трева и нискостеблеста шума.
Пожарот зафатил помошна просторија од викенд куќа, пет помошни простории за чување живина, разновиден алат и друго, сопственост на Н.М.(51) од Скопје.
Повредени лица нема. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.
Црна хроника
Двајца повредени во судир меѓу трактор и „мерцедес“ на регионалниот пат Штип – Плачковица

Вчера во 19:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Штип – Плачковица, во атар на село Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539“ со приколка, без регистарски ознаки, управуван од Ј.М.(59) од село Кучица, општина Карбинци и патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(73) од село Аргулица, општина Карбинци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.М., а со телесни повреди се здобил Б.М., констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.