Црна хроника
Сопственик на угостителски објет во Тетово нападна вработен

Тетовец, сопственик на угостителски објект, физички нападнал еден од своите вработени, објави СВР Тетово.
„Триесет и седумгодишниот Н. С. од тетовско Палатица, вчера (21 декември), во 19.40 часот, во СВР Тетово пријавил дека околу 17.20 часот бил физички нападнат од Ф. Ј. (44) од истото село, во чиј угостителски објект бил вработен“, велат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж од Скопје останал без пари и без стан: уапсена 55-годишна жена

Синоќа во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода В.С.Н.(55) од Скопје.
Таа се сомничи за сторено кривично дело измама.
Имено, од страна на 34-годишен скопјанец на истата и биле исплатени 172.732 денари при склучување на нотарски договор за посредување при купување на стан, но оштетениот подоцна дознал дека станот веќе бил продаден на друго лице, по што сфатил дека бил измамен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Украдени бистите на Крсте Петков Мисирков и на Ѓорѓија Пулевски, спомен-бистата на Кочо Рацин оштетена

Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје, од ЈП „Паркови и зеленило“ било пријавено дека во Градски парк, кај бараките на Град Скопје, бил одземен споменикот на Крсте Петков Мисирков, а спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена.
Истиот ден во 13.25 часот, од Основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, било пријавено дека од дворот на училиштето била одземена спомен биста на Ѓорѓија Пулевски.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Црна хроника
Ги мачеле животните: кривична за тетовци што учествувале во борби со кучиња

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.У.(51) од с.Долно Палчиште, тетовско, Ј.И.(44) од с.Дебреше и А.М.(18) од с.Горно Палчиште, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „мачење животни“.
Имено на 27.02.2025 во атар на с. Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги затекнале пријавените, кои учествувале со свои кучиња во борба со кучиња.