Црна хроника
Со багер оштетил подземни кабли и оставил без струја 120 куќи во Маврово
Работник при изведување градежни работи во двор во куќа во Маврово оштетил високонапонски подземни кабли и оставил без струја 120 куќи.
Полицијата поднесе кривична пријава против И. З. (34) од село Врбен, Маврово и Ростуша, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело оштетување јавна инсталација.
Според информациите на МВР, тој на 18 ноември лани на местото наречено Маврови Крстови 2, во двор од куќа, сопственост на И. П. од Гостивар, при изведување градежни работи со багер оштетил високонапонски подземни кабли од електрична енергија, сопственост на „ЕВН Македонија“, при што бил предизвикан прекин во напојувањето на електрична енергија на речиси 120 куќи во село Маврово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж насилно изваден од својот дом и со убодни рани оставен кај Транспортниот центар во Скопје
Вчера во 07.40 часот во Полициската станица Аеродром, 34-годишниот К.Б. од Скопје пријавил дека на 24/25.04.2024 околу 01.30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач, извести МВР.
„Како што е пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец
СВР Штип поднесе кривична пријава против 53-годишниот Д.Д. и 54-годишниот П.Д., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, извести МВР.
„На 22.02.2024, по претходна расправија околу сообраќајот, пријавените физички нападнале полициски службеник“, соопшти МВР.
Црна хроника
Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес
Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко лице.
Телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР, известуваат од СВР Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.