Црна хроника
Со мотоцикл удрил во пешак, двајцата завршиле во болница

На 14.9.2022 во 20:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Кузман Јосифовски Питу во Скопје, мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Г.(20) од Тетово, удрил во В.М.(21) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М., а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Сообраќајна несреќа кај планинскиот превој „Пресека“: неколку повредени, меѓу нив и две деца

Вчера во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово.
Во несреќата, возачот на возило „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода“ и сопатниците С.К.(36) и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево.
Црна хроника
Семејно насилство во Кичево: се истепаа мајка и ќерка

Вчера во 17.05 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на регионалниот пат Кичево-Битола, по претходна расправија, настанал физичка пресметка помеѓу 36-годишната И.С. и нејзината малолетна ќерка, двете од Кичево.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Изгоре стан во Прилеп, поради вдишување чад две лица пренесени во болница

Вчера околу 13.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба „Точила“ во Прилеп настанал пожар во стан сопственост на Т.Ј., во кој престојувала неговата неговата сестра Ц.С.(51) и неговиот зет Д.П.(40), двајцата од Скопје.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад Ц.С. и сосетката С.П.(73) од Прилеп биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.