Црна хроника
Со ноќен радар уловени 208 возила, кои возеле побргу од дозволеното

Во текот на изминатата вечер (8/9.8.2022), во периодот од 21 до 2 часот, Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 208 возачи.
Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 136 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
(Фото) Претреси во гостиварско, пронајдена дрога, уапсени двајца дилери

Вчера во 12 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.М.(30) од село Здуње, гостиварско, кај кого, со судска наредба бил извршен претрес во куќата и помошните простории во с. Здуње и при тоа била пронајдена и одземена марихуана.
Исто така, на 07.09.2025 во 12:10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.Џ.(31) од с.Здуње, кај кого, со судска наредба бил извршен претрес во дом и помошни простории и при тоа биле пронајдени и одземени марихуана, грутка кафена материја, три паковки со бела прашкаста материја и поголема сума на пари.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Кокаин најден во дом на скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 42-годишен скопјанец за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.
Во станот во кој престојувал осомничениот на улицата „Матеја Матевски” во Скопје полицијата пронашла 14,2 грама амфетамин, околу 8 грама кокаин, помали количества марихуана и МДМА (3,4 метилен диоксиметамфетамин). При претресот во домот било затекнато уште едно лице на кое осомничениот му овозможил да користи кокаин.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
75-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка

Вчера околу 10:30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот Скопје- Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „линфан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(75) од Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.К.(27) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Р.(37).
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот „линфан“ П.Д., додека со телесни повреди сопатничката од мотоциклот „хонда“ С.П., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.