Црна хроника
Стружанец фатен со марихуана почнал да бега од полицијата, но паднал и се повредил
Жител од струшкото село Радолишта бил приведен од полицијата кога во неговиот автомобил била пронајдена марихуана.
Како што информираат од МВР, во попладневните часови на 19 септември, на местото наречено Радолишка Краста, полицајци извршиле преглед на „голфот“, кој го упрвувал стружанецот, и пронашле марихуана.
По ова, возачот го напуштил возилото се обидел да избега трчајќи, но паднал и се повредил, па бил приведен.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадец влегол преку незаклучена врата: ѝ го украл накитот на скопјанка, ја турнал и побегнал
Ноќеска во 22:50 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од скопско пријавила дека на 25.10.2025 околу 19:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице влегло преку незаклучена врата.
Откако влегло лицето и одзело личен накит, а откако пријавителката го затекнала, лицето ја турнало и се дало во бегство.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Прегазена 76-годишна скопјанка
Вчера околу 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(26) од Скопје, удрило во 76-годишната М.Г. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамен скопјанец: лажно му се претставил дека е полицаец и го ограбил
Вчера во 11:10 часот во СВР Скопје, М.А.(61) од Скопје пријави дека ноќта околу 00:30 часот на подрачјето на Гази Баба, додека бил во своето патничко возило, едно лице кое му се претставило дека наводно е полициски службеник, му одзело документи од возилото.
Потоа, според пријавеното, му рекол на М.А. да влезе во друго возило и му одзел пари и платежна картичка и подоцна го симнал на подрачјето на општина Аеродром.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

